РКЕ: Македонија нема да остане без нафта и природен гас
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) смета дека пазарот во Македонија нема да остане без нафта и природен гас и покрај блокирањето на сметката на Макпетрол АД Скопје.
Во соопштението на официјалната веб-страница на РКЕ се посочува дека во отсуство на еден или повеќе трговци на големо со нафта и нафтени деривати, може да настапат останатите трговци, што е случај и со либерализираниот пазар на гас.
- Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика издадени се 49 лиценци од областа на нафтата и нафтени деривати, од кои 34 се однесуваат на дејноста Трговија на големо со нафта и нафтени деривати. Со ваквата поставеност, пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран, односно овозможено е учество на повеќе учесници на пазарот и се создадени услови за поголема конкуренција, се нагласува во соопштението од РКЕ.
Додаваат дека од вкупно 280 бензински станици во земјава, 124 се во сопственост на Макпетрол АД Скопје.
- Пазарот со природен гас, исто како и пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран. Регулаторната комисија за енергетика досега има издадено 29 лиценци од областа на природниот гас, од кои 15 од нив се однесуваат на дејноста Трговија со природен гас. Оваа бројка јасно кажува дека и во услови на нецелосно експлоатиран гасоводен систем, заинтересираноста за вршење на оваа дејност е голема. Отсуството на еден од трговците со природен гас може да го надополнат другите трговци со природен гас, кои во такви услови ќе настапат на пазарот, се прецизира во соопштението од РКЕ.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот