Ракомет
3. February 2016 - 19:00

РК Вардар ги суспендира Стоилов и Манасков!

Поради прекршување на правилата на однесување, а согласно Дисциплинскиот правилник на клубот, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделена суспензија.
 
Тие во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни.
 
Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани.