Ракомет
28. October 2015 - 17:14

РК Работнички со нов спонзор Адмирал

Денеска во Скопје беше потпишан договор за соработка меѓу ракометниот клуб Работнички и компанијата за игри на среќа Адмирал како дел од групацијата „Новоматик“. Договоорот е потпишан на неопределено време и без резултатски услови за клубот.

Во името на ракометниот клуб Работнички договорот го потпиша спортскиот директор Ванчо Димовски, кој истакна:
-     Благодарност до луѓето од Адмирал што во момент на нова ера на Работнички, препознаа квалитет, но воедно и клуб кој е со традиција кај тие постари скопјани. Времето е пред нас и ќе покаже колку ова ќе биде успешно понатаму. Наша цел за оваа сезона е да пласираме во плеј офот, а потоа и да избориме настап на евро сцената следната сезона.
Од новиот спонзор засега не се поставени услови во вид на остварување на резултати од висок дострел.