-->
-->
Ристовски со две асистенции придонесе за триумфот на Динамо над Салцбург
-->
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент при двата гола за Динамо Загреб во синоќешната гостинска победа над Салцбург со 2:0.
Ова беше дуел од 3. коло во Лигата на шампионите. Хрватскиот тим поведе во 49. минута со голот на Сандро Куленовиќ, а победата ја потврди Бруно Петковиќ во 84. минута.
За Динамо во почетниот состав беше уште еден поранешен македонски репрезентативец – Аријан Адеми кој одигра 59 минути.
Од 66.минута Динамо играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на домашниот голман Александер Шлагер кој играше со рака надвор од шеснаесетникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните