Ристовски: Од следната учебна година би можело да има настава на бошњачки јазик
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски одговарајќи на прашање од пратеникот Авдија Пепиќ рече дека доколку се оди според предвидената динамика следната учебна година ќе може комплетно да се изучува наставата на бошњачки јазик.
- Не очекувам да има позначајни проблеми по однос на остварување на ова право на следење на образованието на мајчиниот јазик на Бошњачката заедница, рече Ристовски.
Потсети дека во 2010 година е започнато со имплементација на т.н. експериментална настава на бошњачки јазик.
Министерството, како што рече Ристовски, во наредните неколку месеци ќе го заврши целокупниот процес на неопходна законска евалуација на квалитетот на спроведување на наставата.
- Независно подготовката Министерството за образование и наука веќе интензивно ги презеде сите чекори коишто се поврзани со обезбедување иако порано дефакто ова би стартувало со новата учебна година 2016 / 2017, рече тој.
Значи, додаде, зборувам септември 2016 година бидејќи неможеме на пола година ние да го проемниме статусот. - Меѓутоа сите подготовки мора да ги завршиме заклучно со јуни 2016 за во септември да се почне со наставата. Во тој контекс МОН многу порано започна со сите подготовки кои што се неопходни за обезбедување на учебници на настава на бошњачки јазик, рече Ристовски.
Според тоа, како што додаде, учебници на бошначки јазик прват се во звршна фаза за трето, четврто, петто, шесто одделение и, како што рече, очекува во наредните неколку дена да се најдат на седница на Националната комисија за учебници.
- Доколку има некои забелешки од страна на Комисијата тие потоа ќе бидат отстранети и корегирани, додаде тој.
Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека пред извесно време Владата пуштила во Собранието и очекува дека ќе биде разгледан новиот закон за легализација, со кој се предвидува нова можност за сите оние граѓани кои немаат доставено барање во наредните три месеци да достават барање за легализација на своите домови.
Од друга страна, како што додаде, ќе се овозможува граѓаните кои немаа доставено елаборати, а согласно со стариот закон тоа беше до крајот на годината да се овозможи пролонгирање на рокот до крајот на следната година.
- Така овозможуваме еден нов концепт, односно ги пролонгираме роковите за да им излеземе во пресрет на сите граѓани што не успеале тоа да го направат со овој дополнителен закон, рече министерот.
Според него, друга значајна работа е што со овој закон ќе се овозможи легализација на приватно земјиште.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно