Ристовски на Светски образовен форум во Лондон
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски учествува на тридневниот Светски образовен форум 2016, кој се одржува во Лондон, Велика Британија.
Светскиот образовен форум е најголемиот интернационален собир на министри за образование, на кој се дебатира за глобалните образовни предизвици, креирањето на политиките за справување со предизвиците и се разменуваат позитивни практики и искуства во областа.
Како што соопшти МОН, заменик министерот Ристовски оствари неколку билатерални средби во насока на интензивирање на соработката на Република Македонија со дел од другите земји учеснички.
Ристовски се сретна и со Мајкл О’Саливан, генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми во состав на Универзитетот Кембриџ, институција со која Владата на Република Македонија реализира договор за имплементација на наставните програми и учебници на Кембриџ по математика и природни науки на национално ниво.
На средбата, како што е наведено во соопштението, се дискутираше за досегашниот тек од процес на реформирање на основното образование, како и за активности кои претстојат во таа насока.
Дополнително, работен состанок Ристовски одржа и со Џејн Мен од издавачката куќа на Универзитетот Кембриџ.
Форумот е организиран со поддршка на британските министерства за образование, економија и меѓународна соработка, Британскиот совет и бројни други партнерски институции.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение