Ристовски на Светски образовен форум во Лондон
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски учествува на тридневниот Светски образовен форум 2016, кој се одржува во Лондон, Велика Британија.
Светскиот образовен форум е најголемиот интернационален собир на министри за образование, на кој се дебатира за глобалните образовни предизвици, креирањето на политиките за справување со предизвиците и се разменуваат позитивни практики и искуства во областа.
Како што соопшти МОН, заменик министерот Ристовски оствари неколку билатерални средби во насока на интензивирање на соработката на Република Македонија со дел од другите земји учеснички.
Ристовски се сретна и со Мајкл О’Саливан, генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми во состав на Универзитетот Кембриџ, институција со која Владата на Република Македонија реализира договор за имплементација на наставните програми и учебници на Кембриџ по математика и природни науки на национално ниво.
На средбата, како што е наведено во соопштението, се дискутираше за досегашниот тек од процес на реформирање на основното образование, како и за активности кои претстојат во таа насока.
Дополнително, работен состанок Ристовски одржа и со Џејн Мен од издавачката куќа на Универзитетот Кембриџ.
Форумот е организиран со поддршка на британските министерства за образование, економија и меѓународна соработка, Британскиот совет и бројни други партнерски институции.
Ново на Сител
-
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во неколку британски градови
-
Приведен криминалец баран со меѓународна потерница
-
Тошковски и Ангелов го посетија опожареното село Немањици
-
Изборниот штаб на Харис го обвини Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата во своја корист
-
Курти в понеделник во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либан
-
Гром удри на плажа во Италија, повредени најмалку три лица
-
Украинската војска соопшти дека потопила руска подморница и предизвикала значителна штета на ПВО систем С-400