Ристовски: Многу тешко ќе се вратиме после овој пораз
По високиот пораз против Шпанија пред два дена, Македонија не успеа да одговори и денес по голема драма загуби од Чешка. Овој пораз значително ни ги намалува шансите за висок пласман, а утрешниот меч против Данска ќе биде обид да се стигне до борбата за петто место.
Голманот Борко Ристовски одлично го одигра целиот меч, но на крај не можеше сам да се избори со противничкиот напад.
„Тие покажаа поголемо искуство на крајот. Можеби и заради тоа се радуваа на победата. Ова е најтешкиот дел од нашата работа. Еден момент се бориме за полуфинале, а сега мора да се помириме со поразот и да се бориме за излез од оваа тешка ситуација. Психолошки ќе ни биде многу тешко да се вратиме после ова, одигравме значително полошо во вториот дел. На стартот имавме одлична предност, но последните неколку минути поминаа во нивна доминација и тоа е тоа, мора да се помириме со денешната игра“ , изјави првиот голман на македонската репрезентација.
Со два порази во главната фаза, ни останува да се надеваме во добри исходи на останатите натпревари пред утрешната средба против Данска
Извор: Гол.мк
Ново на Сител
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија
-
Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места
-
Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан
-
Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме