Ристовски: Две нови училишта и спортска сала во Гази Баба
Изградба на ново основно училиште во Хиподром и во населбата Ченто, како и нова спортска сала во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Стајковци, најави Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ при посетата на овие населени места.
- Согласно нашиот план и програма за работа за следните четири години предвидено е изградба на комплетно ново училиште во рамки на населеното место Хиподром или комплетно нов училишен објект за ОУ „Вера Јоциќ“. Планирана е изградба на нов училишен објект на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во населеното место Ченто и изградба на комплетно нова спортска сала за потребите на учениците во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Стајковци којашто ќе биде градена комплетно со буџетски средства, рече Ристовски.
Според него, станува збор за три капитални проекти за овие населени места во општина Гази Баба коишто во наредниот мандат, како што рече, очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги реализира за потребите на граѓаните на овие места.
Додаде дека во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ каде треба да се гради спортската сала, во текот на минатата учебна година речиси 11 милиони денари биле инвестирани од Министерството за промена на покривот и други санациски инвестиции.
Ристовски во посета на овие населени места беше заедно со Трајко Вељаноски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тие, како што рече, средбите со граѓаните ги искористиле во непосреден контакт и разговор да им ги презентираат поволностите коишто ги нуди програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење