Фудбал
15. October 2018 - 9:52

Ристовски: Да го надиграме „шокираниот“ противник

Македонската фудбалска репрезентација нема време за одмор. По победата над Лихтенштајн утре во 18.00 во Ереван го игра дуелот со домашната Ерменија во рамките на Лигата на нации. Стефан Ристовски се очекува во стартниот состав на селекторот Игор .
Ангеловски по стомачните проблеми во Скопје:
„Ерменија важи за квалитетен тим. Не смее да не излаже поразот што го претрпеа со Гибралтар. Во Скопје ние ги победивме, но мора да внимаваме. Мечот ќе биде цврст, ќе одлучуваат моменти. Дојдени сме да освоиме бодови, да покажеме она што го започнаме во оваа Лига на нации и да ја потврдиме нашата цел. Очекуваме борбена и добра игра пред се, па бодовите сами ќе дојдат“, изјави Ристовски.