Спорт плус
14. August 2016 - 11:03

Рио 2016: Заврши распределбата на медали во пливање со доминација на Aмериканците

 
 
 Со четирите финални трки, а по осумдневна борба   во водите на олимпискиот базен во Рио, завршија возбудувањата во пливањето. 
 
Америкнските пловачи својата доминација ја крунисаа со два златни медали и тоа во штафетнитре трки 4х100 м. мешано во машка и женска конкуренција. 
 
Во женска конкуренција златото за штафетата на САД го освоија: Кетлин Бакер, Лили Кинг, Дана Волмер и Симоне Мануел, додека во машка конкуренција со злато се закитија: Рајан Марфи, Коди Милер, Мајкл Фелп и Нејтан Адриан. 
 
Во поединечна конкуренција беа поделени два сета медали. Во трката на 50 м. слободно до златото доплива Перниле Блуме од Данска која беше дел од данската штафета која ја освои бронзата. Со овој триумф Блуме на Данска и го донесе првиот златен медал во пливање по далечната 1948 година. 
 
Италијанецот Грегорио Палриниери го потврди дека во моментов е најдобриот пливач кога во прашање е делницата од 1.500 метри. Тој имаше речиси 5.секунди подобар резултат од сребрениот Американец Конор Џејгер, додека бронзата ја освои Габриеле Дети од Италија.