Спорт плус
17. August 2016 - 17:03

Рио 2016: „Триколорите“ се пласираа во 1/2 финалето

Ракометарите на Франција се пласираат во полуфиналето на Олимпискиот турнир. 
 
„Триколорите’’ кои се бранители на трофејот од Лондон пред 4.години, место меѓу четирите најдобри во Рио обезбедија со победата над домаќинот Бразил со 34-27, во кој „кариоките“ беа рамноправен противник само во првото полувреме кое заври нерешено 16-16. 
 
Франција за место во финалето ќе се бори со подобриот од мечот меѓу Германија и Катар, додека вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од средбите Данска – Словенија (од 22 часот) и Хрватска – Полска  (01:30 четврток)