Џет-Сет
26. September 2016 - 14:42

Рики Мартин сними нова песна со весел ритам

Познатиот латино пејач Рики Мартин објави нова песна и видео кои ќе ги воодушеви неговите фанови.

Како што навикнавме од Рики, песната е со весел ритам за танц, а кадрите за спотот снимени на базен и плажа со многу убави жени.

Во песната „Vente Pa'Ca“ гостува и колумбискиот уметник Малума.

Режисер на видеото е славниот Џеси Тереро.

Песната оригинално е снимена на англиски јазик и веќе се врти по радио станиците.

Рики Мартин моментно се наоѓа на десетта турнеја „One Wold Tour“.