Ријана снимена во необична облека
Пејачката Ријана позната по нејзината необична комбинација која често стануваат модни трендови, но во вакво издание се уште не сме ја виделе.
Убавата Ријана снимена синоќа при одење на еден тату шоп во Њујорк во необична облека која се состоеше од долги, широки фустани со кратки ракави и цветни примероци и рамни бели чевли од куќата Шанел.
Во оваа „бапска“ комбинација РиРи искомбинира мал тиркизен ранец во стилот на 90-те години, а ситно витканата коса ја собра во неуредно опавче на врвот на главата.
Се надеваме дека оваа модна фаза нема да трае предолго.
Убавата пејачка овие денови уште еднаш ја искуси црната страна на славата, затоа што доби закани со смрт од непознат маж на Твитер.
Мажот кој на социјалните мрежи се претставува како Алекс Мерцер и Ралф Александер се фотографирал пред поранешната куќа на Ријана и ги објавил фотографиите на своето оружје и напиша дека требал да ја убие. Полицијата го бара мажот кој заканите ги упати до младата ѕвезда.
Ново на Сител
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи