Тенис
7. јуни 2017 - 13:35

РГ: Тием го „преслуша“ Ѓоковиќ

Австрискиот тенсиер Доминик Тием успеа за првпат во својата кариера да го победи Новак Ѓоковиќ и со тоа да обезбеди полуфинале на Ролан Гарос со Рафаел Надал.

Во четвртфиналето Тием го победи Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (7:6 (7:5); 6:3 и 6:0). Ова е негова прва победа во шестиот меѓусебен меч. 
Ѓоковиќ со тоа не успеа да ја одбрани титулата од лани и најверојатно во понеделник ќе биде на местото број 4 на АТП листата.
Во другите два четвртфинални меча денеска играат: Енди Мареј - Кеи Нишикори и Марин Чилиќ - Стан Вавринка.
Кај жените денеска се играат два четвртфинални дуела: Каролине Гарсија - Каролина Плишкова и Елина Свитолина - Симона Халеп.