-->
-->
РГ: Мареј и Вавринка во полуфинале
-->
Енди Мари и Стан Вавринка ја формираа првата полуфинална двојка на машкиот дел од вториот Грен слем во сезоната, Ролан Гарос.
Вториот носител Мари не блеска на годинешното издание на Ролан Гарос, но и со таква неубедлива игра успеа да се пласира во полуфиналето. Британецот досега одигра пет меча во Париз, на три од нив го губеше првиот сет, но успеваше да победи.
Во четвртфиналето, Мари за речиси три и пол часа игра, славеше над домашниот тенисер Ришар Гаске со 3-1 (5:7, 7:6, 6:0, 6:2).
За разлика од Мари, бранителот на титулата, Стан Вавринка, на последните два меча делувше убедливо против своите конкуренти. Во четвртфиналето Швајцарецот го декалсира Алберт Рамос-Винолас 6:2, 6:1, 7:6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година