-->
-->
РФМ и МОК со поддршка за репрезентативците
-->
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски, ги посетија репрезентативците, при што низ краток работен состанок поразговараа за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри.
Мукаетов се обрати на комплетната екипа изразувајќи максимална поддршка и верба во квалитетите, за исполнување на целта и испишување на нова страница во македонската спортска историја. Се надоврзаа и селекторот Ивица Обрван и капитенот Кире Лазаров, кои го изразија своето задоволство од елитните услови, добрата работа и одличната атмосфера во репрезентацијата што даваат дополнителна мотивација за успех на турнирот во Гданск.
Претседателот на РФМ, при посетата на репрезентацијата, му врачи и мал подарок на Велко Маркоски кој денеска го прослави својот 30-ти роденден.
По состанокот, кој продолжи работно со видео-анализа на противниците во Гдањск, репрезентацијата вчеравечер го одржа и редовниот тренинг во салата „Јане Сандански“. Тренинзи се предвидени и во текот на утрешниот ден, а во четврток рано изутрина ќе се патува Полска.
Вечерниот тренинг на македонската ракометна репрезентација го посетија претставници на Македонскиот олимписки комитет предводени од претседателот Васил Тупурковски кој им посака успешен настап во Полска и обезбедување учество на Олимпијадата во Рио.
Македонија од 8 до 10 април во Гдањск ќе игра турнир со домаќинот Полска, Тунис и Чиле во обид да освои едно од првите две места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион