-->
-->
РФМ: 55 илјади евра за пласман на ЛОИ
-->
Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, на прес конференцијата по повод заминувањето на националниот тим на олимписките квалификации во Гдањс, откри дека во случај на пласман на Олимписките игри репрезентативците ќе бидат наградени со 55.000 евра.
„Ние како Управен одбор на РФМ обезбедивме премија од 55.000 евра која ќе биде наменета за репрезентацијата доколку се пласира на ОИ. Сметаме дека премијата ќе биде дополнителен мотив и нешто што нашиот национален тим го заслужува. Овој тим заслужува да игра на ОИ, сите сакаме таму да го видиме Кире Лазаров со македонското знаме и најпосле Македонија да не биде претставена само од двајца-тројца индивидуалци, туку на ОИ да заминеме во еден сериозен број и да покажеме дека како држава правиме чекор напред“, рече Мукаетов
Првиот човек на РФМ побара од целата нација да застане зад репрезентацијата, а ситните конфликти да бидат ставени во втор план. Мукаетов очигледно алудираше на прес конференцијата, на Петар Ангелов, кој односот на селекторот кон него го посочи како причина за повлекување од националниот тим.
„Дајте војната да ја добиеме во Гдањск, а не тука во Скопје да се појавуваат одредени работи кои временски се апсолутно погрешно темпирани“, рече Мукаетов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер