Свет
16. јуни 2022 - 12:31

Резников: Десетици илјади Украинци убиени од почетокот на руската инвазија

Десетици илјади Украинци се убиени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, смета украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Тој во интервју за Си-ен-ен одби да даде точни бројки за украинските загуби, но, изјави дека се надева дека „бројот е помал од сто илјади“.

Резников не се сложува со најновата проценка на САД за убиени 16.000 руски војници од почетокот на инвазијата. Тој верува оти бројот на нивните жртви е значително поголем.