Ревијална трка „Вози право, вози здраво“
Во Скопје денеска ќе се одржи третата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ vol. 3. со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето чисти транспортни средства.
Трката ќе почне во 12 часот од порта „Македонија“, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на пултовите веќе од 11 часот. Најавено е да учествуваат околу 2.000 граѓани кои се регистрирани во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка.
Организаторот на трката е Стопанска банка Ад Скопје.
Заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање сообраќајна и велосипедска култура.
Во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев ќе биде поставена бина на посетителите со забавни содржини, како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, ќе има игри, подароци, предизвици...
Согласно законските прописи и поради обезбедување максимална заштита на учесниците од 11 до 13 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје, од порта „Македонија“ до Градски парк преку улиците „Димитрије Чуповски“, „Даме Груев“ и „Илинденска“.
Ново на Сител
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош