Ревакцинација со друга вакцина за Грците под 60 години со здравствени проблеми што примиле прва доза Астра Зенека
Граѓаните во Грција кои се под 60-годишна возраст и имаат здравствени проблеми, а примиле прва доза на Астра Зенека, ќе можат да се ревакцинираат со друга вакцина, односно со Фајзер или Модерна, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако комисијата за вакцинација во Грција минатата седмица излезе со препорака Астра Зенека да се користи за лица над 60-годишна возраст, наместо над 30 како што беше претходно, сите што не припаѓаат на конкретната возрасна група, од денеска можат да одберат друга вакцина за втората доза, но само доколку имаат упат од лекар дека имаат здравствени проблеми поврзани со разни видови тромбоза или белодробна емболија.
Останатите, доколку немаат некоја од наведените дијагнози, регуларно ќе се ревакцинираат со Астра Зенека.
Граѓаните под 60 години, кои имаа закажано термин за вакцинирање со прва доза со Астра Зенека, веќе добија смс порака, доколку сакаат да ја променат вакцината.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд