Ретвит на Хан: Нема потреба за одложување на изборите
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Јан се согласува со ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека нема потреба од одложување на изборите закажани за 24-ти април согласно првичниот договор.
Ова може да се забележи од ретвитот на Хан на социјалната мрежа Твитер, каде е пренесена изјавата на Ахмети по средбата со Хан во која одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на изборите за еден или два месеци, нагласи деке не смета оти има простор за тоа.
Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.
Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список до 24 април и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.
Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април. Хан рече дека опозицијата мора да партиципира на изборите.
-Во вистинска и функционална демократија имате Влада и силна опозиција. Во Европа, било каде и да се случеле политички проблеми и кризи биле поради слаба опозиција. Па така за да имате функционална демократија мора да ги имате двата елементи: добра функционална Влада, но и силна и посветена опозиција, рече Хан.
На својот твитер профил еврокомесарот напиша дека и покрај финалната одлука на политичките партии тие ќе обезбедат поддршка за фер избори.
-Каква и да биде конечната одлука донесена од страна на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски фер избори, напиша Хан
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар