Македонија
22. October 2020 - 16:37

Рестриктивните мерки идната недела пред пратениците

Месецов нема да се воведат дополнителни рестриктивни мерки за заштита на населението од вирусот. Седницата на која треба да се носат измените во законот, би се одржала на 27 октомври. Според најавите од ВМРО ДПМНЕ кворум ќе има но ќе гласаат воздржано бидјеќи сметаат дека во измените нема конкретни решенија туку се однесуваат на ревидирање на прекршочните одредби.

 Инфективните одделенија во државата остануваат без слободни места, а утрово се зголемил бројот на пациенти во модуларната болница. План Б има и за болниците но според заменикот министер иако актулните мерки биле адекватни,сепак ќе треба да се разгледа опцијата за нивно заострување.

- Има други рестриктивни мерки во други болници кои ќе треба да ги преземе, за да се намали бројот на пациенти кои се хронични и можат да бидат на листа за  чекање. Информациите кои ги добивам се дека поубрзано се пополнуваат болниците, треба повторно да се разгледаат мерките. мерките се адекватни на бројот на заболени ние се трудиме да го најдеме тој златен минумум на доста рестр и непопуларни мерки, изјави Илир Хасани, заменик министер за здравство.

Хасани тврди дека се оди чекор понапред во поглед на организација за да не останат пациенти без здравствена заштита и на дневно ниво ја информираат владата. На вечерашната седница на Влада не се очекуваат нови мерки.