-->
-->
Република Српска го усвои законот со кој навредата ќе се квалификува како кривично дело
-->
Народното собрание на Република Српска денеска го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела.
Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки.
Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна.
За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска.
Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор. ј
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Покетино го блокира трансферот на Хаверц во Реал
-
Клемен повеќе не е тренер на Монако
-
Мајами го победи Денвер и израмни во финалето на НБА
-
СДСМ: Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат
-
САД кренаа воени авиони во „лов“ на авион кој без дозвола прелета над Вашингтон
-
ДЗС: Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови
-
Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ е надежта за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ знае како да се решат нивните проблеми
-
Сенегал: Владата го прекинаа мобилниот интернет по неколкудневните немири во земјата