Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
Европската комисија воопшто нема намера да забрани која било онлајн платформа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение во одговор на прашање дали ЕУ размислува за суспензија на Икс и ТикТок.
– Сакаме да увериме дека бизнисите и граѓаните во Европската Унија може да ги користи сите платформи, доколку, се разбира, се усогласени со законодавството. Доколку има потенцијално прекршување, имаме соодветен механизам (за реагирање) и има чекори што треба да се поминат пред да се донесе каква било одлука, рече Рение.
Тој потсети дека во моментов во тек се неколку истраги на ЕК против некои онлајн платформи за можноста за прекршување на Законот на дигитални услуги на ЕУ и откако тие ќе завршат ќе бидат проценети сите различни можности што и стојат на располагање на Комисијата.
Рение истакна дека како крајна можност, ЕК може и да побара од надлежните институции на земјите членки на ЕУ привремено да суспендираат некоја платформа.
– Тоа е крајно средство, но немаме намера да одиме толку далеку, рече Рение, додавајќи дека постојат многу други механизми, пред да се дојде до одлука за суспензија на некоја онлајн платформа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот