Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
Научните работници Проф. д-р Владимир Рендевски спец. неврохирург од универзитетската клиника за неврохирургија Скопје и Асс. м-р Борис Алексовски од Институтот за биологија при природно-математичкиот факултет во Скопје, објавија поглавје во книгата ,,Двете страни на глутаматот“, во издание на најголемата публукувачка куќа за книги со отворен пристап Intechopen од Лондон, Велика Британија.
Во нивното поглавје е обработена проблематика од нивната 11 годишна научно-истражувачка дејност во која ги проучуваат мозочните биомаркери кај пациентите со хеморагичен мозочен удар, врз база на кои имаат изработени повеќе математички и 3Д-анимациони модели за предвидување на мозочниот едем, а со тоа и клиничкиот исход кај пациентите со мозочно крварење.
Во нивната научна работа, тимот предводен од Проф. д-р Владимир Рендевски, објавил и други научни трудови публикувани во реномирани меѓународни медицински списанија со фактор на влијание како: Brain pathology (2023), British journal of surgery (2021), Clinical neurology and neurosurgery (2018) и др, а минатата 2023 година иста така беше коавтор во поглавје од книгата ,,Mind Brain and Education”, во издание на најголемата публикувачка куќа за стручна литература во светот Springer.
Со научните истражувања учествувале и на бројни меѓународни конгреси и конференции од областа на медицината и посебно невронауката каде добиле значајни меѓународни награди: 1-ва награда на 62. Меѓународен конгрес за неврологија и психијатрија „Mind and Brain“, Пула, Хрватска во 2023 година, и 2-ра награда на истиот конгрес во 2019 година, награда за најдобар труд на 5-тиот годишен состанок на Српското неврохируршко друштво со меѓународно учество во Крагуевац, Србија, 2019 година, доделена од Европската асоцијација за неврохирургија (EANS) и Здружението на неврохирурзи од Југоисточна Европа (SeENS).
Ново на Сител
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него
-
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешувањето на Љупчо Коцевски
-
Дурмиши: Секој има право на протест, но местото за повисок минималц не е на улица