-->
-->
Ренци: Ќе се бориме против тероризмот заедно со Франција
-->
Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска повторно изјави дека Италија ќе се бори „рамо до рамо“ со Франција и додаде оти е потребно да се формира погранична коалиција за да се уништи Исламската држава и „ужасниот проект кој таа го претставува“.
На средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд, Ренци рече дека Либија мора да има приоритер бидејќи постои опасност баш таа земја да стане итен случај.
Оланд оваа недела покрена кампања за формирање на силна коалиција против Исламската држава по нападот на 13 ноември во кој се убиени 130 и повредени повеќе стотини лица.
Тој денеска ќе отпатува на состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а веќе разговараше со американскиот претседател Барак Обама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење