Ренци: ЕУ треба да ги запре фондовите за земјите до Источна Европа
Европската унија треба да ги сопре фондовите за земјите од Источна Европа, кои не сакаат да ги прифатат квотите за распределба на мигрантите, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци.
- Ако не покажат солидарност по прашањето за миграцијата, сметам дека е апсолутно исправно големите земји да не пројавуваат солидарност по прашањето за дотациите од буџетот на ЕУ, нагласи Ренци на прес-конференцијата во Рим.
Италијанскиот премиер посочи дека го покренал прашањето на самитот на ЕУ во Брисел минатата недела.
Полска, Чешка, Словенија и Унгарија се големи потрошувачи на регионалните фондови и грантови од ЕУ и се против планот на Брисел за распределување на барателите на азил кои пристигнуваат преку морето во Италија и во Грција.
Тој предупреди дека Рим ќе заземе цврст став во претстојните преговори за својот придонес во буџетот на Унијата за следниот програмски период - 2020-2026 година како одмазда за антиимигрантските позиции на земјите од Вишеградската четворка.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната