Македонија
5. December 2021 - 20:14

Ременски: Целта ми е да се сврти пирамидата наопаку - врвот да биде долу, а базата на членството на врвот

Не правам разлика меѓу луѓето. На СДСМ не му треба само лидер кој ќе раководи. Сметам дека не одговориме на сите барања на граѓаните и верувам дека тоа ќе го поправам. Го немаме веќе луксузот да се заробуваме во партиските органи, потенцира Ременски и додава дека доколку стане претседателка на владеачката партија, ќе бара јасни и конкретни ставови од сите партии за горчливите прашања на државата, потенцираше вечерва во Тема на денот на Сител ТВ Фросина Ременски.

Според неа, потребна е консолидација и обединување во партијата.

-Мојата примарна цел е да ја свртиме пирамидата на одлучување наопаку – врвот да биде долу, а базата на членството да биде на врвот, информира поранешната пратеничка во Собранието.