Балкан
25. July 2018 - 13:38

Рекордни удари: Ветер со брзина од 120 км/час виновен за пустошот во јужна Грциjа

Високата температура и ударите од ветрот кои достигнуваа рекордна брзина од 120 километри на час, делумно се виновни за пустошот кои зад себе го оставија пожарите на Атика, изјави денеска професорот по астрономија и шеф на Националната опесерваторија на Атина Манолос Плеионис.

Големата брзина на ветерот сигурно создаде услови за брзо ширење на пожарот, рече Плеионис и додаде дека брзината на ветрот била рекордна во последните осум години колку долго што постојат станиците за следење на времето.

Просечната брзина на ветрот била 65 километри на час, а достигнувала и до 120 км/час, рече тој.

На прашањето дали брзината на ветерот може да се предвиди, професорот одговори дека подобро се предвидуваат просечните удари на ветрот.