Рекордни температури и шумски пожари во Австралија
Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата.
Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија.
Минатата недела, молња предизвика пожар, кој зафати 6.000 хектари шумско земјиште.
Најмалку девет згради, вклучувајќи и куќи, се оштетени од пожар, тврдат властите.
Австралија страда од најжежок летен период од декември до февруари, а според прогнозите, есента ќе продолжи да биде сушна и потопла од вообичаеното.
-Топлината, на која сме сведоци ова лето, е без преседан, изјави климатологот Линет Бетито.
-Претстои да се пресметаат финалните бројки, но ние знаеме дека ќе имаме рекорд за Австралија во целина, како и за многу одделни локации, рече Бетито.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа Владата
-
Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Рим
-
РК Вардар и ЖРК Металург освојувачи на ракометните Купови
-
Во 97 училишта во Белград дојави за поставени бомби
-
Лиметс: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми сигурноста на Балтикот
-
Полициски час за малолетници во центарот на Чикаго поради завчерашното убиство на 16-годишното момче
-
Пронајдена марихуана при претрес на возило на 24 годишен тетовец
-
СДСМ: Покрај заштедите, ќе скратиме уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци од Буџетот