Рекордни температури и шумски пожари во Австралија
Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата.
Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија.
Минатата недела, молња предизвика пожар, кој зафати 6.000 хектари шумско земјиште.
Најмалку девет згради, вклучувајќи и куќи, се оштетени од пожар, тврдат властите.
Австралија страда од најжежок летен период од декември до февруари, а според прогнозите, есента ќе продолжи да биде сушна и потопла од вообичаеното.
-Топлината, на која сме сведоци ова лето, е без преседан, изјави климатологот Линет Бетито.
-Претстои да се пресметаат финалните бројки, но ние знаеме дека ќе имаме рекорд за Австралија во целина, како и за многу одделни локации, рече Бетито.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани