Рекордни температури и шумски пожари во Австралија
Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата.
Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија.
Минатата недела, молња предизвика пожар, кој зафати 6.000 хектари шумско земјиште.
Најмалку девет згради, вклучувајќи и куќи, се оштетени од пожар, тврдат властите.
Австралија страда од најжежок летен период од декември до февруари, а според прогнозите, есента ќе продолжи да биде сушна и потопла од вообичаеното.
-Топлината, на која сме сведоци ова лето, е без преседан, изјави климатологот Линет Бетито.
-Претстои да се пресметаат финалните бројки, но ние знаеме дека ќе имаме рекорд за Австралија во целина, како и за многу одделни локации, рече Бетито.
Ново на Сител
-
Излета возило на автопат, едно лице тешко повредено
-
Силјановска Давкова: Во Собранието има привилегирани пратеници од владејачкото мнозинство кои се појавуваат на полноќ само за гласање
-
Силјановска Давкова: Талат Џафери вчера се однесуваше како командант, интерпелацијата е за континуираното недолично однесување
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е Ислаил Алији од Гостивар
-
Финансиската полиција поднесе кривични пријави за седум лица, двајца раководители во ЕВН
-
Србија: Жена избоде друга жена за време на судење
-
Ковачевски: Ребалансот на Буџетот е насочен главно кон справување со економската криза
-
Пендаровски: Со Бугарија треба да разговараме за критериумите потребни за ЕУ, а не за историски спорови