Рекордни 835 новозаразени со Ковид-19 во Албанија
Нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќе, кога и процентот на заразени од направените тестови е највисок.
Според Министерството за здравство и социјална заштита направени се 2.253 тестирања, при што опасниот вирус е дијагностциран кај 835 лица, што е 37 отсто од тестираните.
-Во измнатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 329, додека битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, сите во болнички услови. Зголемен е бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во трите ковид болници се третираат 482 пацента, што е највисока бројка до сега, информираше министертвото.
Нов кластер станува полицијата, каде со денес рeгистрираните нови случаи на заразени и починат еден полициски инпектор во Елбасан, бројот на заразени се зголеми на над 400, а на почнати 11.
Од почетокот на март, кога во земјата беа регистрани првите случаи, направени се 188.496 тестови, со позитивен резултат биле 37.625, закрепнале 18.481, а битката со вирусот ја изгубиле 798 лица.
Во меѓувреме по средбата со познати експерти од оваа област, претседателот Илир Мета побара од министртвото под итно зголемување на бројот тестовите на дневно ниво, отпочнувње со брзи тестови и отворање на четвртата ковид болница и ковид центри во сите 12 регионалн болници.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот