Балкан
19. July 2020 - 21:29

Рекордни 116 новозаразени со коронавирус во Црна Гора

Во последните 24 часа потврдени се 116 новозаразени со ковид-19 во Црна Гора.

Ова е најголем број заразени лица регистрирани во еден ден од почетокот на пандемијата. Два смртни случаи се забележани и кај пациенти од Бар и Подгорица.

Најмногу новозаболени има во Подгорица – 40 и Никшиќ – 30. По 10 заразени има во Херцег Нови и Котор, а 6 во Будва.

Вкупниот број потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 23 лица.