Рекордна туристичка сезона во Хрватска
Во првите осум месеци од оваа година Хрватска ја посетиле 13 милиони туристи кои оствариле 75,1 милион ноќевања што се рекордни резултати. Тоа е за околу 8 милиони повеќе во споредба со минатата година, соопшти Хрватската туристичка заедница.
Најмногу ноќевања меѓу странците оствариле Германци – 14,2 милиона, Словенци – 8,4 милиони, Австријанци 5,7, Италијанци 4,7 и Полјаци со 4,5 милиони ноќевања.
Во првите осум месеци најмногу ноќевања се остварени во јадранските жупании – најмногу во Истра 20,7 милиони, 14,4 Приморско-горанската и 14 милиони Сплитско-далматинската 14 милиони.
- Оваа сезона покажа колку е важна соработката меѓу јавниот и приватниот сектор и како во краток временски период може да се постигнат одлични резултати особено во летото надминувајќи ги сите досегашни рекјорди. Тоа е нешто на кое треба да бидат горди сите во туристичкиот сектор, изјави техничкиот министер за туризам Антон Климан.
Тој нагласи дека најавите за пост-сезона се одлични и може да се очекува надминување на ланскиот број од 80 милиони ноќевања со што оваа година би била најдобра туристичка година во самостојна Хрватска.
Ново на Сител
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан