Loading Video...
Тенис
27. January 2019 - 15:12

Рекордна седма титула на Ѓоковиќ на Австралија Опен

Србинот, Новак Ѓоковиќ е победник на првиот Гренд слем годинава Австралија Опен. 
 
Тој во финалето кое беше најавувано како „епско„ убедливо во три сета со 6-3, 6-2 и 6-3 го победи големиот ривал Шпанецот, Рафаел Надал. 
 
Ова беше рекордна седма титула за Ѓоковиќ во Мелбурн, а вкупно 15-та од Гренд слем турнирите, со што Србинот сега е на само две помалку од Рафаел Надал, односно пет од Роџер Федерер кој е рекордер со 20 титули. 
 
Потсетување дека трофејот кај демите го осгвои Јапонката, Наоми Осака која во финалето ја победи чешката тенисерка Петра Квитова со 2:1 во сетови, со што веќе утре Осака ќе биде прво рангирана на најновата ВТА листата.