Loading Video...
Ф1
25. October 2020 - 15:54

Рекордна 92-ра победа на Луис Хамилтон во Ф1 шампионатот

Луис Хамилтон е се поблиску до освојување на новата шампионска титула во Формула 1 првенството 
 
Британецот триумфира на денешната трка за Големата награда на Португалија, со што дополнително ја зголеми предноста во Генералниот поредок, во однос на тимскиот колега Валтери Ботас кој денеска заврши како втор. 
 
За место на педесталот се избори и Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Со денешниот триумф Хамилтон и официјално стана најдобриот возач во историјата на Формула 1. Британецот со 92 победи во кариерата сега е прв на вечната листа, на која зад него остануваат Мухаел Шумахер со 91, Себастијан Фетел (53), Алан Прост (51), Аиртон Сена (41) и така натаму... 
 
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на легендарната патека „Енцо Ферари“ во Имола, на 1 ноември.