Македонија
3. October 2023 - 12:23

Рекорден интерес за студирање на охридскиот Универзитет за информатички науки

Рекорден интерес за студирање на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Младите денес повеке од кога било се одлучуваат за информатички и комуникациски науки бидејќи побарувачката на информатички, стручен кадар е потреба за секоја сериозна и одговорна компанија. Воедно, со добрите финансиски бенефиции по вработувањето, стекнуваат самостојност и поголема сигурност.

Од Универзитот потенцираа дека изнтензивно остваруваат соработка со индустријата односно ИТ и други компаниите.

140 студенти го започнаа образовниот процес во новата академска на Универзитетот „Св. Апостол Павле“од таму велат дека интересот, од година во година се повеќе се зголемува, а студенти има како домашни, така и странски од сите европски земји.