Рекорден број новозаразени во Грција од почетокот на пандемијата, се зголемува притисокот врз здравствениот систем
Со 4.696 нови случаи на Ковид-19 регистрирани во изминатите 24 часа, Грција достигна нов негативен рекорд по бројот на новозаразени на дневно ниво од почетокот на пандемијата, а од ден на ден се зголемува и притисокот врз здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина.
Од новите случаи, најголемиот број, 943 се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а втор е Солун со 872 случаи.
Со оглед на тоа дека тестовите се задолжителни за невакцинираните вработени, и овој пат, направен е и голем број тестови, вкупно 276.984, од кои 260.618 се рапид, а останатите ПЦР.
Во изминатото деноноќие починаа 38 лица, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 15.894.
Дополнително, зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 404, 12 повеќе од вчера.
Од нив, 344 односно 85,15 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани, а останатите 60 (14,85 проценти) се целосно вакцинирани.
Последен пат, речиси 4.700 нови случаи во Грција беа регистрирани пред два месеца, кон крајот на август годинава.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите