Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Албанија
Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со Ковид-19.
Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија.
И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се 57 од новозаразените, а ново жариште повторно станува Драч, каде има 15 новозаразени.
Во исто време починале четворица, додека оздравеле девет пациенти.
Со последните 510, до сега направени се 41.709 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.396 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.961, починале 161, додека активни на болеста се 2.274. Од нив во Инфективната клиника и болницата Ковид2 се лекуваат 119 од кои 24 се во тешка здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност