Македонија
26. September 2022 - 12:33

Реконструкцијата на Св. Еразмо треба да заврши до крајот на годината

Јануари идната година треба да биде отворена новата реконструирана болница Свети Еразмо каде ќе функционира дел од заводот за кардиоваскуларни заболувања.Министерот за здравство Сали најави дека градежните активности се при крај останува само да се  решат правните процедури и овој проект да се заврши до крајот на годината со кој се предвидува кардиолозите и ортопедите да  работат заеднички, а во кардиолошкиот завод да остане Центарот за рехабилитација.

И болницата за кардиоваскуларни заболувања во Охрид се реновира и опремува.Со добивањето на новиот ангиограф  ќе се подобри квалитетот на услуги во Одделот за интервентна кардиологија и ќе се намали листата на чекање која сега е и до три месеци.

Оваа установа која одбележува значаен јубилеј 40 години постоење и растеж  е една од 4-те во државава која има ваков апарат кадешто над 2000 пациенти годишно од југозападниот регион како и од Ресен и Битола добиваат дијагностички и интервентни процедури.