Македонија
9. August 2015 - 10:28

Реконструкција на Домот на културата во Кисела Вода

Проектот за реконструкција, санација, адаптација и доградба на Домот на културата во општина Кисела Вода, кој се реализира со заемна соработка на Министерството за култура и локалната самоуправа, се одвива според предвидениот план и динамика.

Како што соопшти Министерството за култура, во моментов на објектот –затворена карабина - се изведуваат градежно-занаетчиски работи во внатрешноста кои опфаќаат поставување челична конструкција на сцената и спроведување инсталации потребни за комплетно функционирање на објектот, односно електрична инсталација и систем за ладење и греење. Се довршува фасадата на објектот, а во периодот што следува ќе се работи и на останатите завршни и ентериерни работи.

- Со реконструкцијата на Домот, кој со години беше во нефункционална состојба граѓаните ќе имаат можност да следат кинопроекции, театарски претстави, концерти, изложби и други културни манифестации наменети за сите генерации. Сево ова ќе придонесе за збогатување на културната понуда и интензивен културен развој на општината, се наведува во соопштението.

Работите на објектот треба да завршат до крајот на годинава.