Македонија
15. April 2022 - 18:18

Реконструирани пешачки патеки во Градскиот парк

Во Градскиот парк досега реконструирани се патеки во должина над 5.000 метри квадратни. Активностите се уште траат, но поголем дел од патеките се завршени.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на јавното претпријатие „Улици и патишта“ Борис Настов денеска извршија увид во реконструкцијата на патеките.

– Интензивно се реконструираат патеките во Градскиот парк. Од почетокот на реконструкцијата до денес вградена е нова асфалтна маса од 750 тони, а реконструирани се над 5.000 квадратни метри патеки во западниот дел од паркот, истакна директорот на ЈП „Улици и патишта“.

Од Град Скопје информираат дека нивни екипи заедно со „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за одржување на постојната инфраструктура и реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк која се врши во фази и на површина од 9.000 квадратни метри.