Реконструиран водоводниот систем во Долно Дупени
Во Преспанското село Долно Дупени денеска беше пуштен во употреба реконструираниот водоснабдителен систем, со кој се решава проблемот со чиста и квалитетна вода за пиење на околу 200 постојани жители.
Вредноста на проектот е 22.000 долари, средства обезбедени од Швајцарската Агенција за развој реализиран преку УНДП Македонија. Реконструираниот водовод во употреба го пуштија градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Лујза Винтон.
- Со решавањето на проблемот со водоснабдување во Долно Дупени го решаваме проблемот на околу 200 постојани жители на ова долно Преспанско село. Во текот на летниот период во туристичката сезона тука претстојуваат над 1.500 луѓе и недостатокот на квалитетна вода за пиење навистина беше голем проблем за нив, рече Стрезовски.
Преку реализација на вакви проекти, нагласи тој, општина Ресен очекува не само подобрување на условите за живеење на преспанчани, туку и многу побрз и позасилен развој на сите сегменти. Недостатокот на квалитетна вода за пиење во селото Долно Дупени, според градоначалникот, бил голем проблем кој жителите со децении го чуствувале.
Целта на програмата за мали инфраструктурни грантови наменети за Месните заедници, за амбасадорката Винтон, е да го подобри квалитетот на животната средина во Преспанскиот регион, но и квлитетот на животот на локалното население.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп