-->
-->
Реконструиран пат во село Табановце
-->
Во село Табановце кумановско денеска беше пуштен во употреба реконструираниот пат, во должина од 1,4 километри. Средствата за реконструкцијата на патот во вреднот од 173.000 долари се реализира со поддршка на УНДП и Владата на Јапонија.
На свечено пуштање во употреба на патот присуствуваа вицепремиеротза европски прашања Арбр Адеми, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации Луиза Винтон, вршителот на должност на Амбасадата на Јапонија Тојоказу Кубота и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како и преставниците на Центарот за управување со кризи.
Постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН Винтон, истакна дека завршувањето на реконструкцијата на патот во Табановце е дел од поголема програма за справување со последиците од бегалската криза.
Сакаме да се заблагодариме на јапонската амбасада кои што прифатија дека не станува збор само за хуманитарна криза за мигрантите, туку и за заедниците кои директно се засеганти од кризата. Жителите на Табановце беа многу широкогради во справувањето со помагањето на оваа бегласка криза и многу ни е драго што со помошта од преку два милиони долари од јапонската Влада, ние сме во можност да им се одолжиме и да им се заблагодариме, рече Винтон.
Вршителот на должност на Амбасадата на Јапонија Тојоказу Кубота, повика доколку има какви било проблеми од типот на мигранстката криза или проблеми да се обратат и да побараат поддршка.
Градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски изрази благодарност до институциите за поддршката која се дава на жителите од пограничните места.
-Пограничните места како што е Куманово добија помош како што се камиони, машини, механизација и реконструкција на овој пат е дел од тој поголем проект, со која им се излегува во пресрет на жителите на Табановце, рече Дамјановски.
Претседателот на месната заедница од Табановце, Тони Петровиќ, вели дека оваа помош придонесува поквалитетн живот во селото во кое има приближно 570 жители.
Во рамки на проектот покрај училиштето во Сопот е изграден и потпорен ѕид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица