Македонија
14. February 2020 - 16:40

,,Рекет‘‘ во суд зад затворени врати - Боки 13 се пожали на чуварите, Есад Рахиќ негира

Приватниот разговор меѓу Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец ја исклучи јавноста од денешното рочиште за случајот рекет. Иако одбраната не се согласуваше, судот по барање на Обвинителството реши дека разговорот ја нарушува приватноста на двајцата обвинети.

Снимката која трае околу два часа, тајно е снимена од веќе осудениот Милевски. Одбраната, која инсистираше снимката да биде јавно презентирана, смета дека таа нема никаква доказна вредност.

Откако беше спроведен со половина час задоцнување, на почетокот на рочиштето Боки се пожали дека бил нападнат од полициските службеници. Директорот на затворот Рахиќ за Сител информираше дека Јовановски не бил нападнат, но дека одбил да му стават лисици.

Слична верзија понуди и неговиот адвокат, кој рече дека станува збор за мало недоразбирање во затворот.

Судњето за Рекет продолжува в понеделник.