Loading Video...
Балкан
11. May 2020 - 14:17

Регионот се враќа во нормала

По пауза од речиси 2 месеци, животот на Балканот почна да се враќа во нормала. Србија ги отвара градинките. Грција сите продавници, освен трговски центри. А во училишните клупи во оваа земја се враќаат и матурантите. Хрватите се најхрабри. Од утрово освен отворени се образовните и угостителските објекти, отворени се и границите.

За летната сезона се подготвува и Турција, но конкретни мерки ќе има на крајот на месецов.

Од друга страна, и покрај тоа што во тек е светиот месец за верниците од исламска вероисповед, џамиите во Косово за рамазан остануваат затворени. Верниците ќе може да одат во џамија откако ќе се олеснат мерките.

Франција ги отвара фризерските салони. Шпанците од денес може да организираат семејни и пријателски собири, но не повеќе од 10 луѓе. Во Италија со работа почнаа пазарите,  фабриките и градилиштата. Училиштата во државата остануваат затворени до септември.