Регионална конференција „Да изградиме кооперативно општество“
„Да изградиме кооперативно општество“ е темата на 5. Регионална конференција што ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
- Целта е да се подобрат трговските релации на земјите од регионот, кои се соочени со глобалните и националните предизвици во земјоделскиот сектор кои наметнуваат следење на стандардите во земјоделството и јакнење на земјоделската конкурентност за да можат да опстанат и да извезуваат земјоделски производи, информираат организаторите.
Тие прашања, истакнуваат, се од особено значење за граѓанските организации вклучени во развојот, како и кај креаторите на земјоделската политика во владите на земјите во развој, кои сметаат дека една од најголемите перспективи е преку економската организираност на фармерите.
Најавено е учество на претставници од организации од државите од регионот.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп