Регионален противпожарен натпревар во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска се одржа 32-от регионален противпожарен натпревар за ученици од основни и средни училишта, во организација на Противпожарниот сојуз на Република Македонија.
Во категоријата кадети победата ја однесоа учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“, кои се натпреваруваа со основците од Кратово, Пробиштип и Свети Николе.
-Триесет и две години одржување на вакви натпревари е навистина голема бројка, а во натпреварите учествувале 1.000 ученици. Тие имаа можност да научат нешто повеќе за противпожарната заштита да освојат награди, но и да другаруваат меѓу себе, изјави, Никола Николов претседател на противпожарен сојуз на Република Македонија
Предметниот наставник од основното училиште „Крсте Мисирков“, Јасминка Бошковска истакна дека е задоволна што учениците се покажаа како најдобри.
-Како и секоја година така и оваа учениците освоија прво место на општинскиот натпревар, а сега и на регионалниот. Се подготвуваа подолг временски период, материјалот е доста тежок, учеа редовно и се надеваме дека и на државниот ќе освојат победа, и ќе бидат меѓу првите места, рече Бошковска.
Учениците посочија дека се задоволни од освоеното место.Најдобрите од овој натпревар ќе учествуваат на републичкиот натпревар, кој ќе се одржи наредниот месец во Кавадарци.
Ново на Сител
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател
-
Пожарите во близина на Атина без активно жариште
-
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите